Позитивните и негативните реакции не стивнуваат после „Ел класико“ дербито помеѓу Реал Мадрид и Барселона кое го добија каталонците со 3-2 со гол на Лионел Меси во судиското продолжение.
Во изјавите после дербито на „Сантијаго Бернабеу“ најмногу експонираше Серхио Рамос кој поради црвен картон предвреме го заврши натпреварот. Капитенот на „кралевите“ при напуштањето на теренот му се обрати на Пике кој често ги коментира судиските одлуки.
– Воопшто не му се обраќав на судијата, туку лично и директно на Пике. Судиите некогаш добро ќе видат и проценат, некогаш не. Црвениот картон го промени натпреварот и тоа е факт. Барселона има своја филозофија која се базира на коментирање на судиските одлуки, а така беше и на дербито, бидејќи повеќе разговараа со судијата отколку меѓу себе. – изјави дефанзивецот.
Барселона со триумфот во „Ел класико“ се израмна со Реал Мадрид на табелата кој има натпревар помалку. До крајот на шампионатот остануваат уште пет мечеви во кои ќе се одлучи новиот првак.
Ohridnews