Португалскиот ас Кристијано Роналдо не се најде на списокот од елитните  гости кои ќе бидат дел од свадбената церомонија на Серхио Рамос и неговата поубава половина Пилар Рубио.

Ваквиот потег ја изненади фудбалска јавност а уште повеќе паѓа в очи што на списокот се наоаѓаат три фудбалери на Барселона и поранешни играчи на Реал Мадрид. Роналдо и Рамос цели девет години ја делеа соблекувалната во кралскиот клуб и беа едни од главните алки во екипата, но изгледа се останало таму и другарството не продолжило понатаму.

Дел од елитните гости на церомонијата која ќе се одржи во родниот град на Серхио Рамос, Севиља ќе бидат Дејвид и Викторија Бекам, Пике и поп ѕвездата Шаќира и уште многу други фудбалски и светски ѕвезди. За забавата ќе бидат задолжени AC/DC.

OhridNews