Борбата во фудбалот не е само на теренот меѓу играчите туку и надвор од него каде што се вртат мултимилионски суми. На една таква борба жив сведок е капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос.


Шпанскиот репрезентативец незадоволен од третманот на Најк одлучи да го раскине договорот пред време и да стане „слободен играч“ на трансфер пазарот кога се работи за спортска опрема.

Дефанзивецот цели десет години беше едно од заштитните лица на Најк, но никогаш не можеше да дојди до израз од Роналдињо, Кристијано Роналдо и во поново време Нејмар.

На мечот со Осасуна во рамките од Ла Лига, Серхио Рамос настапи со црни клод копачки поради договорот со Најк, да не носи брендирана спортска опрема три месеци по раскинувањето на договорот.


Моментално, најјаката компанија за спортска опрема Адидас чека исход од оваа ситуација и да го прибере Серхио Рамос во големото семејство.

Покрај германската фирма интерес за спонзорирање на Рамос покажуваат „Puma“, „Joma“, „New Balance“ i „Under Armour“.

OhridNews