Дербито на колото се игра на Олимпико каде повторно во центарот на вниманието е “нашиот“ Лацио. Стрелачки најрасположениот тандем сезонава Пандев и Зарате (6 погодоци заедно) ја пречекуваат Фиорентина.

Јувентус “десеткуван” на домашен терен го пречекува сицилијанскиот тим Катанија. “Старата дама” остана без петмина од првиот тим за оваа средба, а најголемиот недостаток ќе бидат Трезеге, Каморанези и Буфон, кои на подолго време ќе бидат надвор од тимот.

Интер тргнува по третата победа сезонава. На Сан Сиро доаѓа новакот во лигата Лече, тим кој малкумина веруваат дека може да им ги замрси сметките на Мурињо и неговите избраници.

Милан по победата над Лацио оди на непријатно гостување во Реџо Калабрија. Мечот треба да послужи како загревање за градското редби против Интер в Недела.

Двојки 4 коло 
СРЕДА 20:30:
Аталанта – Каљари ,Болоња – Удинезе ,Киево – Торино, Џенова – Рома, Интер – Лече ,Јувентус – Катанија,
Лацио – Фиорентина, Наполи – Палермо, Реџина – Милан, Сиена – Сампдорија

ohridnews