Споредувањето и мерењето на квалитетот меѓу Серија А и Премиер лигата е секојдневно, а играчот на Манчестер Јунајтед, Матео Дармијан ги анализираше двете лиги кои се меѓу водечките во светот.


Италијанскиот репрезентативец посочи дека „калчо лигата“ тактички е многу подобра од англиската која пак има физички предности.

Дармијан на Олд Трафорд се пресели од Торино, а има само позитивни в печатоци од првите месеци минати во дресот на „црвените ѓаволи“.

– Англиското искуство го започнав на најдобар можен начин и се надевам дека ќе продолжам на ист начин. Играњето во друга земја и друга лига ми помогна многу да напреднам пред се ментално. Во Премиер лигата се игра физички фудбал, а многу внимание се посветува на исхраната. – рече Дармијан.

Ohridnews