Општина Охрид преку Секторот за Туризам и Локален Економски Развој ги започна активностите за подготовка на Стратегија за Рурален Развој 2014- 2018, што претставува прв стратешки документ на Општина Охрид од овој вид.
За таа цел Одделението за Локален Економски Развој ќе организира серија работилници со претставници на Месните Заедници од руралните делови на Општина Охрид, претставници од Урбанизам, Животна Средина, Комунален Развој, претставници од Јавните Претпријатија, Подрачната Единица на Министерството за Земјоделство, Водостопанство и Шумарство, Јавното претпријатие за стопанисување со шуми “Македонски шуми”, Националниот Парк “Галичица”, Невладиниот Сектор, Бизнис Секторот итн.
– Тоа значи дека во процесот на подготовка на Стратегијата за рурален развој ќе бидат вклучени сите засегнати субјекти и релевантни институции од охридскиот Регион, велат од локалната самоуправа.
Првата работилница ќе се одржи на 16 Октомври, со почеток од 120 часот во просториите на Секторот за Туризам и Локален Економски Развој, а ќе се работи SWOT Анализа за селата: Љубаништа, Трпејца, Пештани, Елшани, Долно Коњско, Горно Коњско, Шипокно, Рача, Велестово и Рамне.
OhridNews