Водечките на табелата во Серија А, Наполи и Јувентус ја продолжија победничката серија совладувајќи ги пред своите гледачи Карпи (1-0) односно Фросиноне (2-0).


Со минималната победа над Карпи фудбалерите на Наполи стигнаа до осмата во серија додека „бјанконерите“ во Фросиноне по 14-ти во серија го освоија целиот плен.

 

Во 24-та рунда Милан не успеа да го продолжи победничкиот низ откако ремизираше 1-1 со Удинезе на Сан Сиро.


Резултати: Верона – Интер 3-3, Милан – Удинезе, Фросиноне – Јувентус 0-2, Наполи – Карпи 1-0, Сасуоло – Палермо 2-2, Торино – Киево 1-2, Аталанта – Емполи, Рома – Сампдорија.

Табела: Наполи 56, Јувентус 54, Фиорентина 46, Интер 45, Рома 41…

Мх.П.