Младинската репрезентација до 21 година е голем фаворит во пресрет на вечерашниот меч против соодветната репрезентација на Фарски острови.


– Атмосферата во екипата е одлична и во изминатите денови се работеше доста квалитетно и со приклучувањето на 6-те фудбалери од сениорската репрезентација ќе составиме тим кадарен да ја совлада традиционално незгодната репрезентација на домашен терен, Фарски острови. Комплетните анализи покажаа уште еднаш дека се работи за мошне цврста ,незгодна и упорна екипа на домашен терен – рече Зоран Бошковски , помошниот тренер во селекцијата.

Експедицијата по завршување натпреварот со Фарски Острови се враќа во Данска и тоа во градот Алборг каде Македонија ја очекува натпреварот против соодветната репрезентација на Данска на 5 јуни.

Ohridnews