Бродот на Барселона сезонава плови во немирни води, а дополнително ги разбранува Дани Алвес кој отворено зборуваше за својот престој на Ноу Камп. Бразилецот осум години од 2008 до 2016 го носеше дресот на каталонците и активно учествуваше во сите успеси на тимот на Ноу Камп.
Разделбата меѓу трофејниот фудбалер и Барселона не беше пријателска и остави црна дамка во беспрекорната соработка на двете страни цели осум години.
– Сакав да бидам почитуван и љубен, а не бев и си заминав. Која е логиката да останеш некаде каде што не си саканм никоја. Моето заминување од Барселона како слободен играч беше полн погодок. Три години на разно разни начини ме тераа да заминам. Ми се „закануваа“ со доведување на нови играчи преку медиумите, а не дојде никој да ми кажи лично дека не сум повеќе потребен во клубот. Кога ќе се навратам наназад гледам дека воопшто не ме почитувале, затоа напоменав дека заминувањето од Барселона е полн погодок. – огорчено раскажува Дани Алвес.
Барселона поради забраната за трансфери од ФИФА одлучила да преговара со Дани Алвес за продолжување на соработката. – Единствена причина за понудениот договор беше забраната за трансфери од ФИФА и ништо повеќе. Прифатив да разговарам иако се ми беше јасно. Инсистирав да имам клаузула во договорот, односно да можам после една сезона повторно да бидам слободен играч, не сакаа да се сложат и решив да заминам.
Бразилскиот интернационалец без никаква оштета се пресели во Јувентус, а моментално заздравува од скршеницата на глуждот. Тој се осврна и на ривалството со Кристијано Роналдо кое според него било напумпано од шпанските медиуми.
– Исто како најавуваните трансфери така и моето ривалството со Роналдо беше чиста фарса. Јас лично го ценам Роналдо и никогаш не сум го криел тоа, а на теренот сакам да победувам и тука нема ништо спорно што ние водевме жестоки битки. Тој поверува на пишувањата дека јас сум зборувал за него и слично, а потоа тој одлучи да не се поздрави со мене на церомонијата за најдобар играч за 2015 година. – заврши Дани Алвес.
OhridNews