Учесниците на курсот „Менаџирање во одбраната во поширок безбедносен контекст“, што изминатите две недели се одржуваше во Охрид, денеска добија сертификати за знаење од Британскиот универзитет Кренфилд, јавува „Миа“.

Сертификатите им ги додели државниот секретар во Министерството за одбрана Сашо Стефаноски и британскиот амбасадор во Македонија Чарлс Гарет.

Инаку, како што потенцира Стефаноски, курсот е дел од сеопфатниот пристап што Министерството го прави за стекнување нови знаења и користење на искуствата од земјите, кои се многу понапред од нас во регионалната соработка.

OhridNews

„Миа“