Втора година по ред учениците од четврта година во ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ од образовниот профил Техничар за индустриска мехатроника го полагаа завршниот испит по германски модел. Испитот се состои од теоретски и практичен дел, кој учениците го полагаа во компанијата „Костал“.
На теоретскиот дел од испитот учениците одговараа на 22 прашања со повеќекратен избор и решаваа 6 задачи кои беа од стручните предмети кои ги изучуваа учениците во текот на своето четиригодишно образование, информираат од училиштето.
На практичниот дел од испитот кој се одржа во компанијата „Костал“ учениците ги покажаа своите знаења и вештини при поврзувања на специјални мехатронички сетови кои се обезбедени преку Делегацијата на германското стопанство. При тоа учениците требаше да извршат поврзувања на различни елементи со користење на зададени електрични шеми и да ги оспособат сетовите за правилно функционирање, потенцираат од училиштето.
Повеќето ученици, додаваат, успешно го положија испитот и со тоа се стекнаа со сертификати за завршено дуално образование според германскиот модел.
OhridNews