Американските сестри Серена и Венус Вилијамс по третпат во своите кариери ќе играат во финалето на гренд слем турнирот Вимболдон.

Серена Вилијамс до финалето стигна совладувајќи ја сензацијата на турнирот кинескињата Жи Женг со 2-0 (6-2, 7-6)
 
Постарата од сестрите Вилијамс, Венус во првото полуфинале со 2-0 (6-1,7-6) ја совлада русинката Елена Дементиева.

Претходните две финалиња (2002,2003) ги доби Серена, кои и се единствени нејзини триумфи на овај турнир.

Актуелниот шампион Венус на Вимболдон триумифираше четири пати (2000,2001,2005,2007).

Серена (родена 1981 г) води со 8:7 во меѓусебните дуели со Венус (родена 1980).

М.П.