Сеуште се санира одронот кај Лапидариумот
Според она што можевме да го забележиме, работниците рачно ги отстрануваат сите камења и делови од карпата, кои се веќе напукнати, со цел да се да не дојде до нови одрони. Дали на ова место како дополнителна заштита, ќе биде изграден и потпорен ѕид, ќе зависи од текот на активностите за санација и проценките на надлежните. Според нивните изјави, причината за одронот беа обилните врнежи од дожд и снег, но и неконтролираната градба на објекти во стариот дел на градот.