Во осумте основни училишта во општина Охрид сеуште трае уписот на ученици кои треба да тргнат во прво одделение во учебната 2014/2015 година. Законскиот рок за упис на првачињата ќе трае до 31 мај 2014 година и важи за сите деца кои до крајот на годинава ќе наполнат шест години, односно сите деца кои се родени во 2008 година.
Од охридските основни училишта велат дека рокот за уписи може да биде продолжен, во зависност од интересот.
-Како и секоја година, така и оваа, сите родители нема да ги запишат своите првачиња во мајскиот рок, па очекуваме по потреба уписот да продолжи и во текот на наредните месеци, информираат од охридските основни училишта.
Според предвиденото, при уписот во училиштето, родителите треба да донесат извод од матична книга на родени, потврда за примените задолжителни вакцини за детето како и потврда за систематски преглед од стоматолог.
OhridNews