Во Охридско-Преспанскиот регион сеуште се високи водостоите на реките со тенденција на намалување и постепено повлекување на водата, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Според последните податоци од УХМР водостојот на Сатеска кај Ботун е 81 cm денес за разлика од вчерашните мерења кога бил 106 cm. Водостојот на Охридско Езеро е 693.35 м.н.в што е 6 сантиметри над просекот за ноември.

Од Регионалниот центар за управување со кризи Охрид информираат дека извршени се повеќе интервенции на поплавени домови.

По престанокот на дождот состојбата е стабилизирана, но реките и понатаму се на високо ниво, посочуваат.

Н.С.Ј.