Времето денеска ќе биде променливо облачно, наместа нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 22, а максималната ќе достигне од 28 до 36 степени.

Во Охрид, претпладне сончево, попладне променливо облачно со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Максималната  температура ќе достигне до 30 степени.

Од понеделник следува период на стабилно време. Од денеска до вторник ќе дува умерен до засилен северен ветер што ќе придонесе за намалување на температурата на воздухот.

OhridNews