Трикратниот освојувач на трофејот во Лигата на Европа, Севиља активно се вклучува во трката за потписот на Илија Несторовски.
Екипата на Севиља е втора која јавно искажа интерес за македонскиот репрезентативец, по италијанскиот калчолигаш, Наполи кој сака напаѓачот да го доведе во зимскиот преоден рок.
„Несто-гол“ како што го нарекуваат италијаните вниманието го привлече со добрите и ефикасните игри во Палермо, иако клубот не бележи најдобри резултати во Серија А.
Репрезентативецот на Македонија во досегашните мечеви има постигнато седум голови, а прецизен беше и на мечот меѓу Македонија – Италија во Скопје во квалификациите за Мундијалот во Русија.
Клубот од Сицилија, неодамна ја одреди цената за слободата на Несторовски, таа изнесува 20 милиони евра.
OhridNews