Екипата на Севиља го загуби чекорот со водечките во Ла лига, Барселона и Реал Мадрид, откако на гостувањето во Алавес освои само бод ремизирајќи (1-1) во последниот меч од 26-та рунда од првенството.
Добриот почеток и иницијативата на теренот фудбалерите на Севиља го искористија во 23-та минута кога со голот на Висам бен Једер поведоа со 1-0.
Водството гостите го чуваа повеќе од педесет минути. Невниманието на потесната одбрана го искористи нововлезениот Александар Катаи изедначувајќи го резултатот 1-1 кој на крајот се покажа и конечен.
После ремито Севиља заостана три бодови од Реал Мадрид кој има меч помалку и четири од Барселона која е лидер на табелата во Ла лига.
OhridNews