Екипата на Севиља е старо-новиот шампион во Лигата на Европа откако сезонава ја одбрани титулата освоена минатата сезона.


Во големото финале во Варшава, шпанците во крајно возбудлив натпревар го совладаа Днипро со 3-2 и обезбедија директен пласман во Лигата на Шампиони.

Двете екипи одиграа незаборавно прво полувреме постигнувајќи по два погодоци. Во вториот дел фудбалерите на Севилја погодија уште еднаш што и на крајот се пресуди за титулата во Лигата на Европа.


Со четвртата титула тимот на Севилја стана најтрофеен клуб во Лигата на Европа пред Јувентус, Ливерпул и Интер кои имаат по три титули.

Мх.П.