Учениците и вработените во ОУ „Братство Единство“ во Лескајца беа информирани дека водата во училиштето не е исправна за употреба и дека децата треба сами да си носат вода за пиење, вели во допис до медиумите претседателот на ОО на СДСМ Охрид, д-р Асен Шајн. Посочува дека од институциите нема одговор на најважните прашања.
Од кога е неисправна водата? Што покажале анализите? Која е причината? И дали е испитана водата во пошироката населба? Ако има проблем со водата во едно училиште, обврска на локалната власт е веднаш да утврди дали станува збор за изолиран проблем или за поширок проблем со водоснабдувањето. Наместо транспарентност, повторно гледаме молк и ненавремено необјавување на информации од јавен интерес, вели Шајн.
Посочува дека бараат од градоначалникот и директорот на ЈП „Водовод“ јавно да ги објават резултатите од испитувањето и да одговорат на претходно наведените прашања.
Децата не смеат да бидат последна грижа на ниту една власт, потенцира Шајн.
OhridNews












