Освојувачот на олимписко злато на игрите во Лон Анџелес 1984 година, Шабан Трстена, го преброди критичниот период во битката со вирусот ковид -19 и сега му претстои фаза на рехабилитација. Трстена со официјално соопштение и се обрати на јавност, во кое открива како изгледала битката со вирусот, кој го парализираше светот точно година дена.

Се уште се лекувам во болница и искрено со свои очи ги гледам овие херои облечени во бело. Некои од тие доктори го загубија и својот живот, а сите други продолжуваат да си го ризикуваат животот за да го спасуваат животот на другите од проклетиот коронавирус. Вака овие три последни денови, јас, односно мојата душа, беше непосредно блиску со смртта, од непредвидливиот непријател Ковид-19. Почитувани добри луѓе, ви се колнам во името на БОГА, немојте да мислите дека јас како голем спортист и шампион го совладав овој голем непријател, не, никако, тоа не е точно. Јас не бев никој пред проклетиот вирус без сила и надеж. Секако дека благодарноста од се срце им оди на моите лекари и нивниот персонал, хероите, кои ми помогнаа и се грижеа 24 часа секој ден и секоја ноќ. Ви благодарам од се срце и на сите пријатели од цел свет за убавите зборови и молитви и големиот БОГ што ги слушна вашите молитви за мојата болест. Амин. Чудно ми е, како тие имат големо срце, влегуват од соба во соба, одат од човек до човек, се жртвуваат себеси со заразната болест од коронавирусот, своите најблиски, само да не лекуваат нас. Овие херои заборавија дека имаат свои деца и заборават дека имаат одмор, дека треба да јадат и да спијат навреме, – се вели во соопштението од Трстена.

Тој официјално побара молба од Премиерот Зоран Заев, Министерот за здравство Венко Филипче, Градоначалникот на град Скопје Петре Шилегов и сите надлежни институции да се наградат докторите, кои својот живот го ставаат во службата на граѓаните на Македонија.

OhridNews