Во четврток, во рамки на вонредното 8 коло од ракометниот плеј-оф, ГРК Охрид на домашен терен ја пречекува екипата на Бутел.

Противникот нема да го потцениме, максимално сконцентрирано ќе атакуваме на нови 3 бода, вели бекот на ГРК Охрид Рудолф Шафранко.

После исклучително важната победа во Кавадарци, треба да ја намалиме еуфоријата, да се смириме и максимално сконцентрирано да се подготвиме за мечот со Бутел, кого сигурно нема да го потцениме. Очекувам добра игра и трите бода да останат во Охрид, вели Шафранко.

Натпреварот Охрид – Бутел се игра од 19 часот.

OhridNews