Норвежанецот Магнус Карлсен (29) не само што е светски првак во шах, туку моментно е и најдобар играч на службената игра „Фантази премиер-лига“, која ја играат околу 7,2 милиони луѓе од целиот свет. Точно е дека станува збор за едно од најголемите имиња на 64-те полиња, но ако се знае дека оваа фанатизи-игра ја играат најмногу луѓе во светот, а Норвежанецот води, тоа сепак е интересен податок.

Малку оптимизам, комбинација на статистика и чувство за игра. – напишал Карлсен на Твитер за тоа како ја игра оваа игра.
Тој е голем навивач на шпанскиот клуб Реал Мадрид. Од порано е познато дека Карлсен го обожава фудбалот, често може да се види како жонглира со топка, а настапувал и на неколку хуманитарни натпревари. „Фантази премиер-лигата“е глобален феномен, која дава дополнителнa убавина во следењето на натпреварите во Англија. Секој играч што учествува во неа си одбира свои фудбалери, кои, пак, во избраниот виртуелен тим носат поени, а се натпреварува против преостанатите учесници во оваа игра.
OhridNews
Извор: „Нова Македонија“











