Колумбиската поп ѕвезда Шакира ќе донира 400 илјади долари за изградба на училиште за девојчиња на Хаити, кои минатата година беа погодени од силен замјотрес. Пејачката, која на 9 мај ќе одржи концерт во Белград, веста ја објавила за време на посетата на главниот град на Хаити, каде играла и пеела со учениците на јавното училиште Ели Дибоа.
Се очекува дека реконструкцијата на училиштето, изградено 1913 година, да почне за два месеци и ќе трае 14 месеци. Во земјотресот на Хаити загинаа 300 илјади лица, а илјадници згради и куќи беа уништени.