Познатата колумбиска поп звезда Шакира и нејзиното долгогодишно момче, аргентинецот Алехандро де ла Руа, објавиле дека ја прекинале долгогодишната врска. После 11 години забавување, Шакира и синот на поранешниот аргентински претседател, во август минатата година одлучиле да ја прекинат врската, а деталите за тоа ги задржале се до сега.
Во пораката која се нашла на официјалната интернет страна на пејачката стои дека обајцата го сметаат прекинувањето за привремено, и додаваат дека Алехандро и понатаму ќе биде задолжен за сите работи во врска со кариерата на пејачката како и до сега.