Пејачката Шакира родила син во Барселона, пренеле светските агенции. Пејачката и нејзиното момче, шпанскиот фудбалер Жерар Пике, момчето тешко три килограми го нарекле Милан. Во соопштението на пејачката пишувало дека Милан на словенските јазици значи мил и драг, на староримски вреден, а на санскрит обединување, па токму затоа се одлучиле за ова име.

Шакира соопштила дека е бремена во септември. Парот минатата седмица ги повикал своите обожаватели наместо подароци за бебето да подарат мрежи за комарци и вакцини за сиромавите деца. Шакира е позната како голем хуманитарен работник и амбасадор на УНИЦЕФ.