Пејачката Шакира која пред два месеци добила син, кажала дека потполно се „навлекла“ на доењето, и дека би сакала така да го храни синот додека тој не тргне во средно училиште. Изјавила дека доењето и е едно од најдобрите искуства во животот и дека едноставно не можела да престане. Таа исто така била уверена дека доењето и помага да остане слаба, а и признала дека опуштено се носи со мајчинството.


Рекла дека мислела како ќе мора да ја контролира секоја секунда од животот на бебето, бидејќи така се однесувала додека ги снимала песните, сакала се да има под контрола. Но, со Милан била неверојатно опуштена. Тоа било големо изненадување бидејќи сите мислеле дека ќе биде една од оние хистерични мајки, кои го гушат своето дете, но таа се чувствувала дека не е така нервозна како претходно.