Ардит Шаќири е суспендиран на неодредено време за нападот на судијата Александар Ставрев и помошникот на финалето од Купот на Македонија.


Поранешниот фудбалер на Охрид 2004, Шаќири вината за поразот во финалето од Тетекс ја побара кај судиите кои вербално ги нападна, тренерот на Шкендија, Артим Шаќири и останатите фудбалери го спречија Шаќири да не предизвика поголем инцидент.


Во соопштението од ФФМ стои :

Се поведува Дисциплинска постапка против Ардит Шаќири фудбалер на  Ф.К.Шкендија од Тетово поради обид за физички напад на главниот судија по завршување на финалето на купот на Р. Македонија со Ф.К.Тетекс од Тетово на ден 26.05.2013 година.До донесување на Одлука фудбалерот Ардит Шаќири СЕ СУСПЕНДИРА.

Се задолжува Ардит Шаќири фудбалер на  Ф.К.Шкендија Тетово  да достави писмена изјава во врска со овој настан.

Се задолжуваат помошните судии да достават писмени изјави во врска со овој настан.

На останатите фудбалери на Шкендија кои беа револтирани по поразот од градскиот ривал во Купот на Македонија и заработија црвени картони по завршување на мечот им беа изречени следниве казни.

Фудбалерот на ФК “Шкендија”  – Тетово, Велии Хадис со ИД бр.102491  исклучен на КУП натпреварот финале на Р.Македонија со ФК “Тетекс” – Тетово во 25  минута  поради недозволена игра СЕ КАЗНУВА со забрана на настап на  1 (еден) првенствени или КУП натпревари согласно чл.36 од ДП. Казната тече од 27.05.2013 година.

Фудбалерот на ФК “Шкендија”  – Тетово, Мухамед Усеини со ИД бр.102489  исклучен на КУП натпреварот финале на Р.Македонија со ФК “Тетекс” – Тетово по завршување на натпреварот поради неспортски однос  СЕ КАЗНУВА со забрана на настап на  1 (еден) првенствени или КУП натпревари согласно чл.36 од ДП. Казната тече од 27.05.2013 година.

ФФМ ќе поведе дисциплинска постапка против тетовските прволигаши за некоректно и неспортско навивање на навивачите на финалниот натпревар од Купот на Македонија, кој беше прекинат па доигран четири дена подоцна.

Мх.П.