Швајцарскиот репрезентативец Џердан Шакири е нов фудбалер на италијанскиот калчолигаш Интер.


За „нероазурите“ сега веќе поранашниот фудбалер на Баерн Минхен е второ засилување по доведувањето на Лукас Подолски на заем од Арсенал.

Со двете засилувања новиот тренер на Интер, Роберто Манчини покажа дека е решен да изгради шампионски мозаик на „Џузепе Меаца“.

Проблем помалку за Луис ван Гал на Олд Трафорд

Манчестер Јунајтед го официјализираше договорот со шпанскиот чувар на мрежата Виктор Валдес.


Тој со „црвените ѓаволи“ потпиша договор од времетраење од 18 месеци со можност за продолжување.

Иако моменталниот прв избор Давид де Геа е во маестрална форма сепак уште еден голман од светски калибар во составот е добар потег на холандскиот стручњак.

Валдес тренираше со екипата речиси три месеци и се пишуваше дека тој е пред трансфер во Ливерпул или Арсенал, но Шпанецот се реши да остане под палката на првиот ментор, кој му беше во почетоците на кариетата во Барселона.

Мх.П.