Шалтерите на подрачните служби на Фондот за здравствено осигурување со ново работно време. Ќе работаат од 7 часот и 30 минути до 15 часот и 30 минути.

Ваквата измена на работното време е извршена поради летните горештини и со цел Фондот да им излезе во пресрет на осигурениците за тие побрзо и поефикасно ги завршат своите обврски во ФЗОМ, како и да не се создава метеж поради пререгистрацијата на невработените лица која е во тек.

Од Фондот, деновиве особено упатија апел до невработените лица во Охрид, еден од градовите во кои засега има евидентирано најслаб одзив за пререгистрација, која треба да се изврши најдоцна 1 септември, се со цел тие да ги задржат бесплатните сини картони.

Со измените на законот од 01.09.2011 за невработените лица кои извршиле пререгистрација, буџетот на Р.Македонија преку МЗ ќе продолжи да плаќа за здравствено осигурување.

Ohridnews