Агенцијата за катастар на недвижности ги информира граѓаните дека шалтерите во Центарот за катастар на недвижност Скопје како и катастарите во поголемите градови низ Македонија, од денес ќе работат со продолжено работно време до 19 часот.

Продолженото работно време има за цел да им излезе во пресрет на граѓаните за обезбедување на имотен лист, кој им е неопходен за навремено поднесување на барање за приватизација на дворните места, чии рок истекува на 15 декември 2014 година.
 
-Ги информираме граѓаните дека освен во катастарот имотен лист по иста цена од 180 денари, може да добијат и кај професионалните корисници на услугите на катастарот односно кај секој нотар, секоја општина, секоја геодетска компанија, поточно на преку 600 други локации ширум Република Македонија, велат од Kатастарот.
 
Листата со адреси и контакт телефони на овие професионални корисници е објавена на www.katastar.gov.mk .

OhridNews