Актуелниот првак во шпанската Примера, Атлетико Мадрид ремизираше без голови 0-0 на гостувањето кај Еспањол во 27-та рунда од првенството.
Гостите од Мадрид треба да бидат задоволни со ремито бидејќи 45 минути играа со фудбалер помалку откако стоперот Миранда доби директен црвен картон.
По ремито „јорганџиите“ ја загубија третата позиција и заостанаа во трката за титулата зад водечките Барселона и Реал Мадрид.
Мх.П.