Шампионот на Австралија Опен во младинска конкуренција, Оливер Андерсон обвинет е за местење на натпреварите во својата родна земја.
Обвинението на Австралијанецот точно се однесува на мечот со Харисон Ломб од Челенџ купот во Викторија одигран во октомври.
Разочарување и осуда за ваквиот развој на настаните на еден од најталентираните тенисери објавија Новак Ѓоковиќ и Енди Мареј кои се натпреваруваа во Доха.
– Разочарувачката вест, посебно кога се работи за млад тенисер кој има шампионски квалитети. Се уште неможам да си поврзам зошто тоа го направил, но добро тој е млад и секој прави грешки, вакви не се потребни воопшто. – изјави Ѓоковиќ.
Судењето на Андерсон ќе започне на 2 март.
OhridNews