Екипата на Ливерпул прокнижи нови три бодови на табелата во Премиер лигата совладувајќи го Лестер со 4-1 на домашен терен.


„Црвените“ во првиот меч на Енфилд сезонава одиграа маестрален фудбал и заслужено ги освоија бодовите на дуелот со актуелниот шампион.

Домаќините во првиот половина час со головите на Фирмињо и Сане имаа водство 2-0. „Лисиците“ резултатски се вратија во игра по голот на Џејми Варди кој го искористи киксот на Лукас Леива.

Предноста од два погодоци за Ливерпул ја врати англискиот репрезентативец Адем Лалана со прекрасен гол во 60-та минута, а во 88-та минута Бразилецот, Фирмињо со вториот погодок стави точка на победата.


„Црвените“ не ги повторија грешките од првиот дел и ја запишаа втората победа сезонава по онаа на стартот од шампионатот на Емирати против Арсенал.

OhridNews