Германскиот тенисер Кевин Кравиц слободните денови во „белиот спорт“ не ги поминува во целосен карантин и тренирајќи во домашни услови, туку со работа во супермаркет. Приказната привлече внимание бидејќи 28-годишниот Кравиц е минатогодишен шампион во двојки на францускиот грен слем турнир Ролан Гарос. Тој победи со Андреас Мис.
Работам во супермаркет за 450 евра веќе неколку недели. Уште од порано планирав да работам некоја нормална работа, барем некое време. Коронавирусот ми даде прилика тоа и да го остварам. Некои мои колеги стануваат во 5 часот наутро и во продавница до 5.30 ги полнат полиците. На овој начин учам да имам што повеќе емпатија. – вели Кравиц.
Германецот моментно е 13-ти дубл играч во светот на тенисот, а минатата сезона настапувајќи по турнирите заработил околу 600.000 долари.
OhridNews