Еден од Новак Ѓоковиќ или Енди Мареј ќе биде новиот владетел на Роланд Гарос откако бранителот на тронот Стен Вавринка застана во 1/2 финалето.


Непреминлива пречка за актуелниот првак во полуфиналето беше Мареј кој во четири сетови (6-4, 6-2, 4-6, 6-2) за 2 часови и 37 минути го реши Швајцарецот.

Ѓоковиќ за ново финале и борба за трофејот кој му недостасува во богата колекција го елиминираше Доминик Тим во три сетови (6-2, 6-1, 6-4) за помалку од два часови.


Меѓу Ѓоковиќ и Мареј нема тајни, имаат премногу одиграно мечеви со вакво значење и ситници и моментална инспирација ќе решава за конечниот победник на францускиот гренд слем турнир.

OhridNews