Екипите на Бурнмаут и Евертон забележаа победи на стартот од 16-та рунда совладувајќи ги на домашен терен Лестер (1-0) односно Арсенал (2-1).


Бранителот на трофејот во Премиер лигата, Лестер три дена после одличната престава и победа над Манчестер Сити, мораше да го положи оружјето на Виталити стадионот. Домаќините вредните три бодови ги обезбедија со голот на Мартин Пух во првиот дел.


„Карамелите“ на Гудисон Парк со пресврт го совладаа Арсенал кој немаше пораз цели девет месеци на гостински терен. „Сините“ дадоа се од себе за победа, а херои се дефанзивците Колман и Вилијамс кои погодија за егал и победа.


Во останатите мечеви од вондредната 16-та рунда ќе се сретнат Мидлзброу – Ливерпул, Сандерленд – Челси, Вест Хем – Барнли, Кристал Палас – Мен Ју, Манчестер Сити – Ватфорд, Стоук – Саутемптон, Тотенхем – Хул, ВБА – Свонси.

OhridNews