Фудбалерите на Валенсија му го нанесоа првиот пораз на актуелниот првак Атлетико Мадрид во „Ла лига“ откако на „Местаља“ славеа со 3-1.
„Лилјаците“ до 13-та минута имаа капитена предност од 3-0. После половина час „јорганџиите“ се консолидираа и погодокот на Манџукиќ намалија на 3-1, а резултатски приклучок испуштија во 45-та минита кога Сикуера промаши од белата точка.
Резултати : Валенсија – Атлетико Мадрид 3-1, Рајо Ваљекано – Барселона, Еибар – Леванте, Алмерија – Елче, Малага – Гранада.
Мх.П.