Лионел Меси и дружината со победата (1-0) над Атлетико Мадрид ја осигураа 23-та титула за Барселона во шпанскиот национален шампионат.


Каталонците со победата во дербито ги разрешија сите дилеми во Ла Лига и во последниот натпревар од сезоната на Ноу Камп ќе се размислува само за кореографијата.

Стрелец на победничкиот погодок беше Меси по асистенцијата на Педро Родригез во вториот дел од натпреварот.


Во последната рунда сите погледи ќе бидат в перени во борбата за опстанок и местата кои водат во Лигата на Шампиони.

Мх.П.