Клубот од Гудисон Парк и годинава во Премиер лигата ќе заврши на седмата позиција или после екипите кои се борат за излезе во Европа, но Евертон успеа да ги осви симпатии ширум целиот свет, откако нов и побогат договор му понуди на Симус Колман кој заздравува од тешката повреда на ногата.
Репрезентативецот на Република Ирска со двојната фрактура на ногата се здоби на натпреварот со Велс во квалификациите за Мундијалот во Русија. Докторите веднаш после оперативниот зафат му предвидоа пауза од 6 до 9 месеци на фудбалерот.
Во знак на поддршка „карамелите“ повлекоа шампионски потег и му го продолжија договорот на Колман кој најмалку сега размислува за фудбал.
Според новиот договор Колман најмалку на Гудисон Парк ќе остане до 2022 година, а не се исклучува можноста соработката да се продолжи.
Дефанзивецот тимот на Евертон го засили 2009 година од екипата на Слиго Роверс, а моментално е еден од играчите со најдолг стаж во клубот.
OhridNews