Есенскиот првак во втората лига Охрид `04 со пресврт го совлада акутелниот првак во македонскиот шампионат Ренова со 3-2.


Гостите поведоа по половина час игра со голот од пенал на Алиу. На 1-1 изедначи Џалески на стартот на вториот дел.


Во финишот на мечот дури три погодоци, најпрво Игњатовски ги доведе гипсарите повторно во предност, една минута подоцна Меди изедначи на 2-2.


Со прекрасниот удар од 30 метри на Шопоски “рибарите“ стигнаа до пресврт и победа над шампионот.

М.П.