Фудбалерите на Челси прокнижија нови три бодови на табелата во Премиер лигата совладувајќи го Арсенал со 3-1 во градската пресметка во 24-та рунда од првенството.
„Сините“ атакот на трите бодови го најавија со голот на Маркос Алонсо во 13-та минута. Во 53-та минута Еден Азард зголеми на 2-0, а на 3-0 погоди Цеск Фабрегас. Конечните 3-1 ги постави Оливие Жиру во финишот од мечот.
Екипата на Челси со триумфот во градската пресметка направи голем исчекор кон титулата одлепувајќи се 12 бодови од конкурентите.
OhridNews