Легендарната модна креаторка и една од најзначајните личности во светот на модата во 20-тиот век, Коко Шанел e родена пред 132 години, поточно на 19-ти август 1883 во малото гратче Саумуру во Франција. Во 1909 година отвора дуќан за шешири и станала толку успешна, така што за една година успеала да се пресели во градот Руе Камбон, престижна локација во Париз. Иако била генијална креаторка, ќе се паметат два нејзини изуми: Парфемот Шанел 5 кој е лансиран во 1923 и модната креација или одело Шанел кое се состои од сукна до колена со сако. 

Од нејзиниот личен живот, како куриозитет може да се издвои тоа што имала повеќе љубовници, но никогаш не се омажила. Парискиот хотел Риц го претворила во свој дом каде што живеела повеќе од 30 години. Таму престојувала и во текот на нацистичката окупација на Франција, а била напаѓана поради тоа што имала љубовник нацистички офицер. Тоа Французите тешко и го опростиле, иако го поправила својот углед после Втората светска војна. 

Последните години од животот ги поминала во швајцарскиот град Лозана каде што починала во 1971 година на 88 годишна возраст и таму се наоѓа нејзиниот гроб.

И.Ч.