Руската тенисерка Марија Шарапова судејќи по сликите од одморот во Лос Кабос, Мескико брзо го преброди скандалот со позитивниот допинг тест.
Победничката на четирите гренд слем турнири позитивна беше на лекот „Мидронат“ кој од 1 јануари годинава беше ставен на забранетата листа.
Јавноста се подели во случајот на Шарапова, но од сликите јасно се гледа дека убавата Русинка ужива во животот после бурниот период во „белиот спорт“.
Се уште не е одредена суспензијата на Шарапова, но според информациите од тениските терени ќе отсуствува од две до четири години.
OhridNews