Женската тениска асоцијација (ВТА) ја потврди вајлд картата за Марија Шарапова со која убавата русинска ќе може да учествува на мастерс турнирот во Штутгарт.
Учеството на Шарапова која моментално ја одлежува 15-ет месечна суспензија поради користење на забранетата супстанција мелдониум беше доведено под знак прашалник, бидејќи официјално нејзината казна истекува на 26 април, а турнирот во Германија почнува два дена порано.
Поканата за учеството на турнирот предизвика лавина позитивни и негативни коментари во белиот спорт. Негативно реагираа поради валјд картата која се дава за тенисерка што се враќа од повреда или некоја која е не е во најдобра форма, а не за тенисерка која е суспендирана.
ВТА ги разгледа и ги запази сите критериуми за да не ги прекрши правилата. И организаторите и излегоа во пресрет на Шарапова, па место во два дена првото коло ќе се одигра во три дена, а Русинката на теренот ќе се појави на денот од истекот од суспензијата.
OhridNews