Петкратната победничка на Грен слем турнирите, Марија Шарапова напорно се подготвува за враќањето на тениските терени кое треба да се случи на крајот месец април на мастерсот во Штудгарт, Германија.


Руската убавица доби суспензија од 15 месеци поради користење на недозволиви супстанци. Шарапова позитивна беше на мелдониум, а тестовите и беа извршение после австралискиот Грен слем турнир.

– Не можам, а да не ја споделам среќата затоа што се враќам на мојата прва љубов, тенисот. Со нетрпение чекам да ги видам моите навивачи и да се вратам на она што најмногу сакам да го правам. – изјави Шарапова.


Русинката во 2012, 2013 и 2014 година го освојуваше трофејот во Штудгарт, но на турнито ќе настапи без ранг на ВТА листата.

Фото: Шарапова во топ форма и без играње тенис

OhridNews