Поранешната светска тенисерка број 1, Марија Шарапова ќе се врати на тениските терени, откако ја прифати поканата со валјд карта за учество на турнирот во Мајорка.

Петкратната гренд слем шампионка нема играно од јануари кога се повлече на турнирот во Санкт Петербург поради повреда на десното рамо по што беше на операција.

  • Среќна сум што можам да прифатам да играм на Мајорка. Му се заблагодарувам на турнирот за шансата и на сите навивачи што ми праќаа пораки со поддршка. – изјави 32-годишната Русинка.

Мајорка Опен е подготвителен турнир за Вимблдон и почнува на 17 јуни, а на него ќе играат и актуелната шампионка од Вимблдон, Анџелике Кербер и Белорусинката Викторија Азаренка.

OhridNews