Руската тенисерка Марија Шарапова триумфираше на АТП турнирот во Бризбејн победувајќи Ана Ивановиќ со 2-1 во сетови (6-7,6-3,6-3).


Дербито на убавиците како го нарекуваат мечот меѓу Русинката и Србинката започна одлично за втората, која успеа да го добие првиот сет 7-6.

Шарапова по изгубениот сет ја презеде контролата на играта и со две идентични победи (6-3) во вториот и третиот сет ја освои првата титула годинава.

Финалниот натпревар траше два часови и 40 минути, а Шарапова стигна до 10-та победа во 14-от дуел со српската тенисерка.

Мх.П.