Двократната освојувачка на титулата на Ролан Гарос, Марија Шарапова го повлече учеството од Францускиот грен слем турнир поради повреда.

Руската тенисерка мака мачи со рамото и поради него настап на официјален турнир нема од јануари месец оваа година. Последен турнир кај што се натпреваруваше Русинката беше мастерсот во Санкт Петербург.

Шарапова титулите на Ролан Гарос ги освои во 2012 и 2014 година. До првата титула руската тенисерска стигна со победата над Италијанката Сара Ерани, а две години подоцна ја совлада Симона Халеп од Романија.

OhridNews