Третата тенисерка на светската ранг листа, Марија Шарапова се соочува со нова пауза од терените откако се повреди на камбекот на турнирот „Вухан“ во Кина.


Руската тенисерка не го доигра целиот натпревар со Чехињата, Барбора Стрикова кој го предаде во третиот сет при водство 2-1 во гемови поради огромни болки во десната подлактица.

–  Како што одминуваше времето така болките беа се поголеми и немав друг избор освен да го предадам мечот. Им се извинувам на навивачите, но ветувам дека ќе им се оддолжам за ова несакано повлекување. – рече Шарапова.

Една од најубавите тенисерки во „белиот“ спорт беше аут повеќе од три месеци поради повредите на нозете. Таа последниот натпревар го одигра во јули во 1/2 финалето од Бимболдон против Американката, Серена Вилијамс.

Мх.П.